Објавено на 12 Мај, 2016 во Вести, До 17 год
Македонската репрезентација до 16 години од 13. до 17. мај ќе учествува на развоен турнир на УЕФА кој ќе се одржува во Сан Марино. Турнирот го отвораме во натпревар против домаќинот Сан Марино на 13. мај во 16:00 часот, два дена подоцна играме против Андора, додека на 17. мај е пресметката со врсниците од Албанија. Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 16 години, Добринко Илиевски за натпреварите од развојниот турнир ќе смета на следните фудбалери:
Голмани: Мите Секулов (Про Пјаченца, Италија), Малик Зибери (Вардар);
Одбрана: Марко Симуновиќ (Партизан, Србија), Филип Антовски (Вардар), Алтин Сефо (Шкупи), Стефан Симоновски (Работнички), Кристијан Димов (Работнички), Никола Спасов (Академија Пандев), Кристијан Додевски (Металург);
Среден ред: Марио Наумоски (Металург), Ениз Фазлагиќ (Шкендија), Стефан Колески (Работнички), Лука Трајкоски (Победа), Бесник Ферати (Шкупи);
Напад: Васил Крстев (Академија Пандев), Бојан Колевски (Металург), Дарко Чурлинов (Мегдебург, Германија), Филип Алексовски (Македонија Ѓ.П.), Амел Рустемовски (Грасхоперс, Швајцарија), Филип Бошковски (Пелистер), Дејан Кулушевски (Аталанта);
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....