Објавено на 30 Март, 2016 во Вести, До 17 год
Македонската репрезентација до 16 години од 1. до 3. април 2016 година ќе учествува на меморијалниот фудбалски турнир „Јосип Каталински – Шкија“ кој се одржува во Зеница и Сараево, Босна и Херцеговина. Селекторот на нашиот национален тим до 16 години, Добринко Илиевски за претстојните натпревари на турнирот во Сараево ги повика следните фудбалери:
Голмани: Малик Зибери (Вардар), Лука Наков (Љубанци);
Одбрана: Виктор Ризанковски (Пелистер), Филип Антовски (Вардар), Борис Јакимовски (Работнички), Стефан Симоновски (Работнички), Кристијан Додевски (Металург), Бесир Рамадани (Шкупи), Давид Стојков (Академија Пандев), Никола Спасов (Академија Пандев);
Среден ред: Енсар Љуна (Шкендија), Филип Стојановски (Еуромилк), Стефан Колевски (Работнички), Марио Наумоски (Металург), Енис Фазлагиќ (Шкендија), Александар Ѓорѓиески (Вардар);
Напад: Саит Битиќи (Вардар), Васил Крстев (Академија Пандев), Муса Мевмедовски (Триглав Крањ, Словенија), Бојан Колевски (Металург), Зоран Ивановски (Академија Пандев), Лука Трајковски (Победа);
-На турнирот „Шкија“ во БиХ ќе настапиме со комбиниран состав, голем дел од играчите од оваа селекција имаат клупски обврски и не можат да се стават на располагање за натпреварите во Сараево. Од друга страна, ова е убава можност да им дадеме шанса на другите фудбалери да се наметнат, да покажат квалитет и евентуално да се наметнат во репрезентацијата за поважните натпревари кои ни следуваат. На средина од месец април не очекуваат дуели од развојниот турнир на УЕФА и фокусот ќе ни биде на тие натпревари против Украина, Казакхстан и Луксембург. Се надевам дека и со овој состав ќе покажеме квалитет и достојно ќе се претставиме на турнирот во Сараево, изјави Добринко Илиевски, селектор на репрезентацијата до 16 години.
На турнирот „Јосип Каталински – Шкија“ќе учествуваат репрезентацијата на Босна и Херцеговина до 16 години, селекцијата на град Белград, како и заедничката селекција на Сараево и источно Сараево.Полуфинале, 2. Април 2016, Тренинг центар БиХ, Зеница
Босна и Херцеговина – Селекција на град Белград (11:00)
Македонија - Селекција на Сараево и источно Сараево (16:00)
Натпреварите за пласман се играат на 3. април на стадионот „Грбавица“ во Сараево.
Хрватската репрезентација до 16
години во 2012 година беше првиот победник на турнирот. Босна и Херцеговина,
Соединетите Американски Држави и селекцијата на град Белград беа победници во
последните три години.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....