Македонија до 16 години ја победи Словенија со 1:0

Објавено на 29 Мај, 2018 во Вести


Македонската репрезентација до 16 години ја совлада соодветната селекција на Словенија со 1:0 на контролниот натпревар одигран на тренинг центарот “Петар Милошевски” во Скопје. Сава Аврамовски во 69. минута го постигна голот за победа на нашата селекција предводена од Марио Вујовиќ. 

Во натпревар без многу шанси на двете страни, големи заслуги за победата на Македонија има и нашиот голман Алекса Јорданов кој по еден час игра брилијантни интервенираше во единствената сто отстотна шанса за гостинот. 

Македонија: Јораднов, Сали, Костовски, Стојменов, Асани, Николов, Тодоровски, Арифи, Аврамовски, Максимов, Костоски;

Алчески, Салиу, Ѓурковски, Мурати, Терзиев, Фетаи, Ќамили, Омерагиќ, Андоновски, Ваневски; 



   
   
А репрезентација