Објавено на 21 Август, 2015 во Вести, До 17 год
Селекцијата предводена од Вујадин Станојковиќ одигра одличен натпревар и потполно заслужено им се реваншираше на кипраните за поразот на првиот натпревар. Димитар Митровски во 29. минута го даде водечкиот гол за Македонија, но до полувремето домашната селекција успеа да израмни на 1:1. Филип Јовановски во 46. минута со прекрасен погодок ни донесе нова предност, Кипар одново погоди за 2:2, а по слободниот удар на Јани Атанасов, Филип Стојчевски постигна погодок за конечна победа од 3:2.
За репрезентацијата на Македонија играа: Благојче Иванов, Михаил Маневски, Ељив Елмаз, Андреј Кировски, Антонио Митрев, Димитри Горговски, Јани Атанасов, Бобан Здравевски, Димитар Митровски, Кирил Ристовски, Марко Ферукоски.
Во игра влегоа: Јованавски, Трапановски, Стојчевски, Факиќ;
Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...
Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....