Македонија до 16 години домаќин на контролен турнир

Објавено на 11 Ноември, 2015 во Вести, До 17 год


Младата репрезентација на Македонија од 16 до 20 ноември ќе биде домаќин на пријателски турнир за фудбалери родени 2000 година. Учесници на овој контролен турнир покрај нашата репрезентација ќе бидат и селекциите на Србија и Италија. Сите натпревари ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски".

16.11.2015 (понеделник) Македонија - Србија 12.00 часот

18.11.2015 (среда) Србија - Италија 13.00 часот

20.11.2015 (петок) Македонија - Италија 11.00 часот

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 16 години, Добринко Илиевски в петок ќе го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за силните контролни пресметки против Србија и Италија.



   
   
А репрезентација