Објавено на 05 Ноември, 2024 во Вести, До 17 год
Младата репрезентација на Македонија до 15 години денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски" во Скопје, го одигра првиот од двата контролни натпревари против соодветната селекција на Србија.
Во еден возбудлив, интересен и отворен натпревар со многу голови, противникот успеа да забележи победа со 4:2.
Репрезентацијата на Србија фуриозно го отвори натпреварот и по првите 25. минути имаше убедлива предност од 3:0. Данило во 2. минута од пенал го доведува противникот во предност од 1:0. Во 16. минута истиот играч постигнува нов погодок. Во 25. минута Кикиќ се запишува во листа на стрелците за убедливо водство на Србија од 3:0.
Нашите млади фудбалери по почетниот шок успеаа да ги консолидираат своите редови и во продолжението од првиот дел успеаа во краток рок од три минути да постигнат два погодоци со што ја вратија незивесноста на овој натпревар. Најпрво Спировски во 28. минута ја намали предноста, а во 31. минута и Ристиќ погоди за намалување на резултатот на 3:2.
Во продолжението од средбата, Македонија се обидуваше да го израмни резултатот, но не успеаа да постигне уште еден гол во противничката мрежа. Србија преку Исаков во 90. минута ги постави конечните 4:2.
Контролен натпревар во Скопје;
Репрезентации до 15 години;
Македонија - Србија 2:4 (2:3)
Македонија: Димитар Петров (г), Кристијан Нелоски, Михајло Павлов, Матеј Бочески, Матеја Масев, Амар Акики, Лука Спироски, Дардан Адеми, Стефан Ристиќ, Павел Стојанов, Марин Крстевски;