Македонија до 15 поразена од Кипар на втората контролна средба

Објавено на 05 Мај, 2022 во Вести, До 17 год


Младата репрезентација на Македонија до 15 години денеска го одигра вториот контролен натпревар против соодветната селекција на Кипар.

На градскиот стадион во Младост, Струмица, нашите млади фудбалери одиграа под очекувањата, особено во второто полувреме и беа поразени со 3:1.

Сите голови беа постигнати во второто полувреме. Во првиот дел, се играше израмнето и доста борбено на двете страни. Двете репрезентации пропуштија неколку добри прилики за постигнување погодок.

Во вториот дел, Кипар одигра подобро, го искористи невниманието во нашата одбрана и успеа да постигне 3 гола. Кристос Лоукаидис во период од 7 минути, во 52 и 59 минута успеа да постигне два погодоци за предност на Кипар од 2:0. Мариос Ставринидес во 58 минута го постигна и третиот погодок за убедлива пресност на противникот. Македонија успеа до крајот да постигне погодок преку Горазд Ристовски во 61. минута од мечот.

МАКЕДОНИЈА: Окан Ракипи, Милош Спасовски, Даим Кадриовски, Лука Макаловски, Александар Грашевски, Павел Трајковски, Игли Хасани, Кристијан Ѓорѓиевски, Адмир Љатифи, Бобан Кузмановски, Каменчо Андоновски;

Селектор: Драган Начевски;

Првиот натпревар одигран помеѓу овие две селекции заврши со победа на Македонија од 3:1.



   
   
Актуелности

30.12.2024    Вести

Новогодишно интервју со Масар Омерагиќ - Претседател на ФФМ

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...

27.12.2024    Вести

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....

Календар
А репрезентација