Објавено на 23 Август, 2023 во Вести, До 17 год
Младата репрезентација на Македонија до 15 години беше убедливо поразена од соодветната селекција на Турција во рамките на првиот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции.
Во Истанбул, домашната селекција одигра одличен меч, особено во првото полувреме, беше подобар противник и забележа убедлива победа со резултат од 4:0.
На оваа контролна средба, избраниците на селекторот Драган Начески пропуштија неколку добри прилики за постигнување гол.
Нашите млади фудбалери одиграа далеку подобро второто полувреме, во кое наметна своја игра и создадоа неколку добри можности за гол.
Во 55. минута Георгиевски испрати одличен удар, кој беше скротен од голманот на Турција. Три минути подоцна во нова добра можност се најде Петковски, но домашниот голман одново успеа добро да интервенира. Темелков во 70. минута се најде во добра ситуација, но топката во последен момент беше расчистена пред гол линијата. Џангаровски во 76. минута одлично биеше од слободен удар, но не успеа да погоди. Во 80. минута Селими се најде во добра ситуација, но неговиот удар во последен момент беше изблокиран од противничкиот играч
Македонија: Даријан Денковски, Горјан Петковски, Мартин Џангаровски, Антонио Атанасов, Михаил Митревски, Матеја Масев, Бленди Љачка, Андреј Цветковски, Фадиљ Исламовиќ, Ердин Мамути, Јаков Стојковски;
Селектор: Драган Начевски;