Објавено на 07 Септември, 2022 во Вести, До 17 год
Младата репрезентација на Македонија до 15 години денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски" забележа пораз од Малезија во второто коло од Уефа развојниот турнир за фудбалери родени 2008 година.
Малезија забележа победа по подоброто изведување на пенали со резултат 4:2. Регуларниот дел од средбата заврши нерешено 1:1.
Во 16. минута, Грашески ја имаше првата одлична можност за фудбалерите на Раде Каранфилоски. Истиот играч во 28. минута од слободен удар го погоди дирекот од голот на противникот. Бранкоски во 34. минута пропушти нова добра прилика за Македонија.
Во продолжението од средбата, Македонија во 56. минута поведе со 1:0. Стрелец на голот беше одличниот Грашески. Во 59. минута од натпреварот Стоилов не искористи одлична можност за зголемување на предноста.
Малезија во 63. минута од пенал го израмни резултатот а воедно го постави и конечниот резултат во регуларниот дел од средбата.
По подобро изведување на пенали (4:2), противникот забележа победа во вториот круг од Уефа развојниот турнир.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....