Македонија до 15 победи со убедливи 4:1 против Малта на вториот контролен натпревар во Скопје

Објавено на 12 Мај, 2023 во Вести, До 17 год


Младата репрезентација на Македонија до 15 години успеа да слави нова победа над соодветната селекција на Малта во рамките на вториот контролен дуел помеѓу овие две селекции.

На тренинг центарот „Петар Милошевскки", избраниците на селекторот Драган Начески остварија убедлива победа со 4:1.

Нашите млади фудбалери и на овој натпревар доминираа од стартот на натпреварот и покажаа дека се поквалитетна селекција од Малта.

Головите за Македонија ги постигнаа Јаков Стојковски, Михаил Митревски, Антонио Сталески и Мартин Џангаровски.

Во првиот контролен дуел помеѓу овие две селекции, Македонија славеше минимална победа со 1:0.



   
   
А репрезентација