Македонија до 15: Нерешено 1:1 на првата контролна средба со Црна Гора

Објавено на 15 Јуни, 2022 во Вести, До 17 год


Младата репрезентација на Македонија до 15 години го одигра првиот од двата предвидени контролни средби против соодветната селекција на Црна Гора.

На тренинг центарот „Петар Милошевски" избраниците на селекторот Дашмир Беар одиграа нерешено 1:1.

По едно полувреме им припадна на двете селекции.

Македонија беше подобар противник по првите 45. минути. Неколку добри прилики не успеавме да реализираме. Во 45. минути сосема заслужено водство на нашите млади фудбалери. Хисар Али погоди за предност од 1:0.

Во продолжението од средбата противникот успеа да го израмни резултатот. Максим Џукиќ погоди во 75. минута и ги постави конечните 1:1

Македонија: Онур Бешир, Игор Ристов, Горазд Ристовски, Лука Атанасовски, Милош Спасовски, Хисар Али, Марко Киш, Стефан Младеновски, Камечно Андоновски, Беркај Шаини, Албион Муслиу;



   
   
Актуелности

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

06.04.2024    Вести

Женската репрезентација до 19 години запиша нова победа

Селекцијата на Астрид Мерко славеше со 2:0 против Литванија....

Календар
А репрезентација