Македонија до 15 години одигра 1:1 со Кина на воведниот натпревар од турнирот во Шангај

Објавено на 24 Мај, 2017 во Вести, До 17 год жени


Репрезентацијата на Македонија до 15 години одигра 1:1 против Народна Република Кина на првиот дуел од турнирот на кој гостуваме во Шангај. 

Нашиот состав предводен од селекторот Марио Вујовиќ беше подобар противник од домашната селекција, имавме поголем број на шанси, а погодивме и пречка пред крајот од мечот. Во 21. минута Марио Костески не ја искористи првата шанса за Македонија.

Кинезите во 42. минута по грешка на нашиот голман се радуваа на водечкиот погодок, но одигравме доволно квалитетно во продолжението за поволен резултат од воведната пресметка на турнирот.

Во 56. минута Стефан Ѓоргиев имаше шанса за гол, а веќе во 60. минута Македонија го израмни резултатот на 1:1 со прекрасниот гол на Марио Костески. Натпреварот можеше да заврши во наша корист, но во 83. минута Димитар Тодоровски со прекрасен удар од работ на шеснаесетникот ја погоди пречката. 

Македонија до 15 години: 12. Марко Алчевски, 2. Рилинд Ајдини (Сали 79), 3. Али Асани, 4. Филип Андоновски (Новевски 57), 5. Александар Ѓурковски, 6. Спасе Терзиев (Стојменов 45), 7. Филип Костовски (Тодоровски 48), 8. Иван Николов (Максимов 19), 9. Марио Илиевски. 10. Стефан Ѓоргиев, 11. Марио Костески; Селектор: Марио Вујовиќ. 

-Задоволен сум од прикажаното, иако пропуштивме шанса за победа. Посебно во второто полувреме кога не реализиравме неколку добри прилики за втор гол. Бевме рамноправни во првото полувреме, но примивме наивен гол по грешка на нашиот голман, изјави селекторот Вујовиќ.

За два дена го играме вториот натпревар во Шангај против репрезентацијата на Северна Кореја. 



   
   
А репрезентација