Објавено на 11 Октомври, 2022 во Вести, До 17 год
Младата репрезентација на Македонија до 15 години го одигра првиот од двата контролни натпревари против соодветната селекција на Србија.
Избраниците на селекторот Раде Каранфилоски одиграа нерешено 2:2 против нашиот северен сосед.
На тренинг центарот „Петар Милошевски" во Скопје, Македонија и Србија одиграа одличен натпревар, со отворена игра и 4 постигнати погодоци.
Противникот одлично го започна мечот, рано уште во 5. минута преку Џуровиќ поведе со 1:0. Нашите млади фудбалери брзо одговорија на раното водство на Србија. Во 9. минута Бранковски го израмнува резултатот. Во 12. минута, Македонија прави комплетен пресврт. Грешката на противничкиот голман ја искористи Бранковски, за постигнување втор погодок на денешната средба и предност на Македонија од 2:1. Во 27. минута, Србија преку Дамјановиќ го израмни резултатот на 2:2.
Во продолжението немаше погодоци, мрежите мируваа, без посериозна закана по двата гола.
Втората контролна пресметка овие две селекции ќе ја одиграат на 13. октомври во 11. часот.
Македонија: Антониј Трајковски, Енвер Фејзуловски, Мартин Џангаровски, Лорент Жаку, Ристе Стоилов, Матео Кесиќ, Иво Марковски, Давид Ангелевски, Стефан Бранковски, Александар Грашевски, Илија Митановски;
Селектор: Раде Каранфилоски;
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....