Македонија до 15 години на турнир во Кина

Објавено на 22 Мај, 2017 во Вести, До 17 год


Македонската репрезентација до 15 години од 22. до 29. мај ќе учествува на интернационалниот турнир за млади селекции во Шангај, Народна Република Кина.

Покрај нашата репрезентација предводена од селекторот Марио Вујовиќ, на турнирот учествуваат и селекциите на Кина, Северна Кореја и Киргистан.

Нашиот селектор за натпреварите во Шангај ги повика следните фудбалери:

Голмани: Марко Алчевски (Талент), Алекса Јорданов (Црвена Звезда, Србија);

Одбрана: Јасин Сали (Њу Старс), Гораст Стојменов (Металург), Александар Ѓурковски (Вардар), Спасе Терзиев (Академија Пандев), Рилинд Ајдини (Работнички);

Среден ред: Алтрим Јакупи (Шкендија), Али Асани (Вардар), Иван Николов (Брегалница), Лука Станковски (Работнички), Филип Андоновски (Металург), Стефан Ѓорѓиев (Њу Старс), Димитар Тодоровски (Работнички), Влада Новески (Војводина, Србија);

Напад: Филип Костовски (Македонија Ѓ.П.), Марио Костевски (Работнички), Методи Максимов (Брегалница), Марио Илиевски (Вардар), Харис Хоџиќ (Работнички);

Воведниот натпревар македонската репрезентација го игра на 24. мај против домашната Кина, два дена подоцна ќе се соочиме со Северна Кореја, додека на 28. мај го играме последниот дуел од турнирот против селекцијата на Киргистан.




   
   
А репрезентација