Објавено на 05 Март, 2018 во Вести, До 17 год
Македонската репрезентација до 15 години утре ќе одигра пријателски натпревар против репрезентацијата на Полска на домашен терен. Дуелот ќе се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, а нашата селекција под водство на селекторот Звонко Златановски веќе два дена се подготвува за контролните натпревари против Полска. Првиот дуел е закажан за 13:00 часот, а нашиот состав е микс од домашни и интернационални имиња кои не се реткост во овие генерации во нашиот национален тим.Селекторот Златановски ќе смета на следните фубалери:
Македонија до 15 години: Стефан Митрев (Баден, Швајцарија), Филип Ваневски (ФФМ Академија), Љавдрим Ибраими (ФФМ Академија), Грегори Давков (ФФМ Академија), Христијан Николовски (ФФМ Академија), Стефан Деспотовски (Црвена Звезда), Филип Ѓоргоски (Вардар) Самет Реџепи (ФФМ Академија), Абдула Хасани (Вардар), Дарко Стојановски (ФФМ Академија), Октај Ракипи (ФФМ Академија), Лука Ѓоргиевски (Војводина, Србија), Христијан Георгиевски (ФФМ Академија), Петар Давидовски (Вардар), Бехар Фета (ФФМ Академија), Филип Трпчевски (Хакен, Шведска), Лео Андрески (Вардар), Антонио Мирков (Вардар), Дарко Марковски (Академија ФФМ), Емир Саитовски (Олимпија, Словенија);
Вториот контролен натпревар двете селекции ќе го одиграат на 8. март (четврток) исто така на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....