Македонија до 14 подобра од Малта на првата контролна средба во Скопје

Објавено на 10 Мај, 2023 во Вести, До 17 год


Младата репрезентацијата на Македонија до 14 години го одигра првиот од двата контролни натпревари против соодветната селекција на Малта.

На тренинг центарот „Петар Милошевски", избраниците на селекторот Драган Начевски сосема заслужено издвојуваа победа со 1:0.

Нашите млади фудбалери беа подобри од Малта во текот на целиот натпревар, креираа опасни прилики пред голот на противникот, победата на крајот можеше да биде и поубедлива.

Ердин Мамути во 73. минута го постигна победничкиот гол за нашата млада репрезентација.

Македонија и Малта ќе одиграат уште еден контролен натпревар на 11. мај со почеток во 14. часот

Македонија: Коста Стојановски, Антонио Атанасов, Михаил Митревски, Бленди Љацка, Мартин Џангаровски, Матеја Масев, Фадил Исламовиќ, Горјан Петковски, Јаков Стојковски, Андреј Цветковски, Херолинд Селими;

Селектор: Драган Начевски;



   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација