Објавено на 03 Април, 2024 во Вести, До 17 год
Младата репрезентација на Македонија до 14 години (генерација 2010) во Скопје ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Турција.
Првиот контролен дуел, Македонија и Турција ќе го одиграат на 5. април на тренинг центарот „Петар Милошевски, со почеток во 14. часот.
Три дена подоцна на програмата е закажан вториот контролен меч помеѓу овие две селекции, на стадионот на Чаир, со почеток во исто време.
Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 14 години, Неџат Шабани за претстојните контролни натпревари против селекцијата на Турција се одлучи да ги повика следните фудбалери:
-Андреј Јанкуловаки, Благоја Седловски, Матеј Масев, Павел Стојанов, Дардан Адеми, Марио Стојчевски, Адриан Велески, Стефан Ристиќ, Михаил Павлов, МаринКрстевски, Александар Полимац, Матеј Бочески, Митко Стојанов, АријоН аЛИМИ, Амар Акики, Љис Имери, Арди Бајрами, Коста Георгиевски, Зубер Мурсал, Матеј Фенев, Марко Ташов, Димитар Петров, Сергеј Богдановски, Кристијан Нелоски, Амер Велиу;