Македонија до 14 години одигра нерешено 1:1 против Словенија

Објавено на 09 Мај, 2024 во Вести, До 17 год


Македонската селекција до 14 години одигра нерешено 1:1 против Словенија во рамките на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции.

Нашата репрезентација прва се закани по голот на противникот уште во 4. минута. Крстевски во 16. минута имаше одлична можност, се најде сам очи во очи со противничкиот голман, но без реализација. Во 18. минута Словенија поведе со 1:0.

Во 52. минута Ристиќ имаше шанса за Македонија, но неговиот удар беше изблокиран во последен момент. Во 80. минута Павлов постигнува еврогол со кој го израмнува резултатот и ги поставува конечните 1:1.




   
   
А репрезентација