Објавено на 22 Април, 2017 во Вести
Македонската репрезентација до 14 години го освои првото место на УЕФА турнирот на академии во Ерменија. Нашите млади фудбалери предводени од селекторот Звонко Златановски во последниот дуел беа подобри од селекцијата на Белорусија. Македонија беше подобра по изведување на пенали, откако во регуларниот дел натпреварот заврши со резултат 1:1.
Македонија дојде во водство преку Славче Живков на стартот на второто полувреме, а противникот израмни со удар од единаесет метри. Токму пеналите требаше да одлучат кој ќе биде победникот на овој меч, а нашите млади фудбалери се покажаа како одлични изведувачи од белата точка и славеа со вкупно 6:5.