Македонија А жени: Пораз од Косово на првиот контролен натпревар

Објавено на 08 Април, 2021 во Вести, А репрезентација жени


Женската  репрезентација на Македонија загуби од Косово во рамките на првиот контролен натпревар одигран меѓу овие две селекции. На тренинг центарот „Петар Милошевски" противникот славеше победа со 3:1.

Првиот гол гостите го постигнаа во 39. минута преку Халилај Дониета. Во 56. минута, Мусај Флета зголеми на 2:0. Три минути подоцна, избраничките на селекторот Кирил Изов успеа да го намалат резултатот на 2:1. Единствениот погодок за нашата женска селекција беше дело на Улза Максути. Конечните 3:1 ги постави Фериде Кастрати во 84. минута.

МАКЕДОНИЈА: 12. Магдалена Лекоска, 2. Даниела Велеска, 4. Катерина Милеска, 5. Сара Коларовска, 7. Улза Максути, 8. Александра Марковска, 9. Мустафи Хава, 10. Хусеин Сара, 11. Афродита Салихи, 13. Јулија Живиќ, 21. Александра Ристовска;

КОСОВО: 1. Флорентина Колгечи, 5. Лиридона Сила, 11. Едона Криези, 2. Гаши Агњеса, 22. Верона Бериша, 10. Шала Блерта 21. Лумбарда Мисини, 7. Доника Грајчевци, 14. Ерјона Емерлаху, 6. Донијета Халилај. 9. Калтрина Бикај;

Вториот контролен натпревар овие две репрезентации ќе го одиграат в недела на 11. април со почеток од 13:00 часот.





   
   
А репрезентација