Македонија – Босна и Херцеговина во живо на ffm.mk

Објавено на 15 Септември, 2015 во Вести


Поддржувачите на македонскиот фудбал денеска од 16.00 часот имаат можност контролниот натпревар меѓу репрезентациите до 19 години на Македонија и БиХ да го гледаат во живо преку интернет страната на Фудбалската федерација на Македонија, www.ffm.mk

За нашата селекција предводена од Горан Станиќ двата котролни дуели против БиХ се последна проверка спроти квалификацискиот турнир кој го организираме во Скопје од 7. до 14. октомври за пласман на Европско првенство – елитна група.

За репрезентацијата на Македонија до 19 години на денешниот натпревар ќе настапат: Филип Илиќ, Слободан Боцевски, Кристијан Каранфиловски, Стефан Јефтоски, Шаип Тела, Нехар Садики, Емил Абаз, Давор Здравковски, Петар Петковски (к), Валентин Кочовски, Матеј Цветановски, Мартин Христов, Боби Целески, Бурим Авдулахи, Стефан Лазаревиќ, Сашо Шопоски, Милан Ристевски, Ремзифаик Селмани;

Натпреварот Македонија - БиХ се игра на стадионот во Ѓорче Петров.



   
   
А репрезентација