Македонија - Либан 0:1

Објавено на 17 Ноември, 2015 во Вести, Вести

Македонската А репрезентација загуби со 1:0 од Либан во пријателскиот натпревар одигран на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Момент на одлука беше 47 минута кога Либан го постигна голот за победа.

Првата прилика за отворање на резултатот Македонија ја имаше по корнерот на Александар Трајковски во 5. минута кога капитенот Шиков со глава шутираше крај голот на Либан. Во речиси идентична ситуација Шиков се најде и минута подоцна по корнерот од спротивната страна на Стјепановиќ, но повторно не беше доволно прецизен. Во продолжението од полувремето имавме теренска иницијатива, но не создадовме вистинска шанса за водечки гол. Во 18. минута гостинската одбрана го блокираше ударот на Трајковски, а десет минути подоцна либанците го блокираа и ударот на Несторовски.  Либан прв пат на мечот се закани по контра напад во 32. минута, но обидот на Матук го одбрани Димитриевски. Во 36. минута, Трајковски не се снајде најдобро во шеснаесетникот на Либан по добрата акција на Велкоски.

Либан во втората минута од продолжението го постигна водечкиот погодок, Омари погоди со глава откако Димитриевски имаше лоша проценка. Во 54. минута повторно по центаршут од корнер се обиде Мојсов, но и неговиот удар заврши крај голот на противникот. Три минути подоцна не беше прецизен Никола Глигоров по ударот од двесетина метри. Во 73. Минута, Даниел Мојсов имаше нова одлична прилика по удар од аголот, биеше над голот, а во следниот напад шанса за израмнување не искористи ниту Илијоски. Нашата селекција беше опасна по голот на Либан најчесто од прекини, Тричковски во 80. минута се обиде, но не беше успешен по центаршутот на Трајковски. Во 84. минута во своја шанса се најде и Ангелов, но неговиот удар го одбрани гостинскиот голман.

МАКЕДОНИЈА – ЛИБАН (0:0) 0:1 Омари 47`,

МАКЕДОНИЈА: 1.Столе Димитриевски 3. Леонард Жута 5. Даниел Мојсов 6. Ванче Шиков (к) 13. Стефан Ристовски (2. Владица Брдаровски 69`) 16. Никола Глигоров (23. Милован Петровиќ 63`) 17. Остоја Стјепановиќ (18. Енис Барди 46`) 7. Иван Тричковски 8. Крсте Велкоски (19. Виктор Ангелов 77`) 15. Илија Несторовски (20. Блаже Илијоски 46`) 9. Александар Трајковски

ЛИБАН: 23. Махди Калил 4. Мансур Нур 6. Јоан Омари 7. Хасан Матук (к) (11.Хусеин Авада 69`) 8. Хасан Каито (16. Фајез Камсин 66`)  10. Мохамед  Хаидар 14. Ахмад Мограби 15. Аднан Хаидар 17. Зеин Тахан 18. Валид Исмаил (12. Хонеини 73`) 22. Ахмад Џалул




   
   
А репрезентација