Објавено на 12 Ноември, 2015 во Вести
Љубителите на македонскиот фудбал, денеска ќе имаат можност пријателскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Црна Гора да го проследат во живо преку интернет страната на Фудбалската федерација на Македонија, www.ffm.mk.
Третиот меѓусебен дуел на овие две репрезентации ќе биде одигран на националната арена „Филип Втори", со почеток од 18.00 часот. На првата средба одиграна на 19 ноември во Подгорица, Црна Гора славеше со 2:1. На 2 март 2010 на градскиот стадион во Скопје, Македонија се радуваше на победа од 2:1, со головите на Илчо Наумовски и Горан Пандев.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....