Објавено на 08 Декември, 2015 во Вести, До 21 год
Играчите кои ги повика предводникот на нашата млада репрезентација ќе одиграат два натпревари, на 12. декември против Хоризонт Турново во Велес и два дена подоцна против фудбалерите кои ќе настапат за селекцијата составена од домашни фудбалери која ја селектираше Игор Ангеловски, селекторот на А репрезентацијата на Македонија. На списокот на Милевски се следните играчи:
Голмани:Шишковски Дамјан (Работнички), Талески Давор (Металург), Мујовиќ Сенад (Грасхоперс, Швајцарија);
Одбрана: Муслиу Висар (Ренова),Најдовски Леон (Работнички), Амановиќ Алекса (ИМТ Нови Београд, Србија),БејтулауЕгзон (Шкендија),Коцев Стефан (Брегалница),Аломеровиќ Сабахудин (Еуромилк),Чешмеџиев Константин (Љубанци);
Среден ред: Реџеп Хакан (Велје, Данска),Картал Мелих (Беледиспор, Турција), Жута Едуард, Вастерас, Шведска), Тотре Енур (Шкендија), Костадинов Тихомир (Банска Бистрица, Словачка),Кочовски Валентин (Хоризонт Турново);
Напад: Ангелов Виктор (Металург), Имери Демир (Хоризонт Турново), Пивковски Филип (Ландскрона, Шведска), Петковски Петар (Вардар), Георгиев Борко (Рудеш, Хрватска), Демир Бенџамин (Тетекс);
-Селективниот камп како и досега ќе биде од корист за сите кои сме вклучени во младата репрезентација и секако за повиканите играчи. На кампот ќе бидат присутни играчи кои не добиле повик или немале доволно минутажа за репрезентацијата до 21 година. Ова е добра можност да ги видиме потенцијалот и квалитетот на селектираните фудбалери и дали може да сметаме на дел од нив и на официјални натпревари. Стандардните реппрезентативци не се повикани бидејќи намерата на овој селективен камп е сосема поинаква, а и нивната форма и настапите постојано ги следиме, дел од нив се и на списокот на селекторот на А репрезентацијата. Во нашата селекција вклучивме дури девет играчи од генерацијата `96 и `97, фудбалери кои можат да бидат дел од новата генерација на младата репрезентација за идниот циклус квалификации и искрено се надевам дека ќе не убедат во своите квалитети, изјави селекторот на репрезентацијата Благоја Милевски.