Љубинко Друловиќ го објави списокот на репрезентативци за пресметките против Луксембург и Шпанија

Објавено на 21 Август, 2015 во Вести, Вести


Селекторот на македонската А репрезентација, Љубинко Друловиќ го соопшти списокот на фудбалери на кои ќе смета за квалификациските натпревари против Луксембург на 5. септември на гостински терен и против Шпанија на Националната арена “Филип Втори“ три дена подоцна.

За двата натпревари од квалификациите за Европското првенство во Франција 2016 повикани се следните фудбалери:

Голмани: Томе Пачовски (Вардар), Столе Димитриевски (Гранада, Шпанија); 

Одбрана: Даниел Мојсов (Адана Демирспор, Турција), Ванче Шиков (Австрија Виена, Австрија), Кире Ристевски (Работнички), Владимир Димитровски (Керкира, Грција), Стефан Ристовски (Ријека, Хрватска), Горан Силјановски (Работнички), Стефан Ашковски (Нови Пазар, Србија), Леонард Жута (Хакен, Шведска), Езџан Алиоски (Шафхаузен, Швајцарија);

Среден ред: Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Милован Петровиќ (Работнички), Никола Глигоров (Вардар), Ферхан Хасани (Шкендија), Александар Трајковски (Палермо, Италија), Муарем Муарем (Ескишехирспор, Турција), Агим Ибраими (Марибор);

Напад: Мирко Ивановски (Видеотон, Унгарија), Јован Костовски (Леувен, Белгија, Бесарт Абдурахими (Локерен, Белгија);




   
   
А репрезентација