Објавено на 20 Јуни, 2015 во Вести, Детски лиги, Live Your Goals
Преку кампањата „LIVE YOUR GOALS“ се зголемува популарноста на женскиот фудбал на локално, национално и глобално ниво. На тој начин и возбудата за најпопуларната игра во светот е многу поголема.
Девојчињата и младите жени добиваат инспирација да се вклучат во фудбалот и да покажат дека можат да ги остварат своте цели преку фудбалската игра.
Женскиот фудбал бележи рапиден развој и обезбедува одлични можности за девојките и жените да имаат здрав начин на живот и да учествуваат во спортот како рекреативци и професионалци.
Женските играчи ширум светот претставуваат модел за упорност, дисциплина, тимска работа, почитување, фер игра и фудбалска техника.
Женскиот фудбал го подобрува статусот во општеството и претставува начин за соочување и справување со еден од основните проблеми – полова дискриминација.
Развојот на женскиот фудбал и учеството на девојките и жените во фудбалската игра е еден од главните приоритети на ФИФА.
Преку кампањата „LIVE YOUR GOALS“ отвораме врата за девојките и младите жени во Македонија да се вклучат во играта.
„Живеј ги своите цели“