LIVE YOUR GOALS - Кампањата на ФИФА на 19. септември по втор пат во Македонија

Објавено на 16 Септември, 2015 во Вести, Live Your Goals

LIVE YOURS GOALS, кампањата на ФИФА за развој на женскиот фудбал по втор пат ќе се одржи во Скопје на тренинг центарот „Петар Милошевски" на 19 септември со почеток од 10.00 часот.

Преку кампањата „LIVE YOUR GOALS“ отворивме врата за девојките и младите жени во Македонија да се вклучат во играта. На настанот кој Фудбалската федерација на Македонија го организираше на 20. јуни учествуаа повеќе од двесте девојчиња, многумина од нив добија инспирација да се вклучат во фудбалот и да покажат дека можат да ги остварат своте цели преку фудбалската игра. Пријавувањето на девојчињата за вториот LIVE YOUR GOALS настан е закажано во 09.30 часот.

Сите сте поканети!

https://www.youtube.com/watch?v=OOV2gIowOSo





   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација