Лихтенштајн-Македонија: Веруваме во триумф

Објавено на 24 Март, 2017 во Вести, Вести


Македонската А репрезентација вечерва на „Рејнпарк“ стадионот во Вадуц против Лихтенштајн ќе го одигра петиот натпревар од квалификациите за пласман на Светското Првенство во Русија 2018. Најдобриот национален тим имаше успешни подготовки пред овој натпревар, а во позитивна атмосфера се очекува конечно да се освојат првите бодови. Репрезентативците не бегаат од фаворитската улога и максимално ангажирано и без потценивање ќе влезат на вечерашната пресметка. 

-Подготвени го очекуваме вечерашниот натпревар против Лихтенштајн. Добро работевме овие денови, имаме супер атмосфера и веруваме дека со вистински пристап ќе одиграме добар натпревар од кој очекуваме три бода. Треба да функционираме како тим, да бидеме сплотени, обеденети, да си помагаме еден на друг и да го одработиме тоа што стручниот штаб го бара од нас. Ако ова го реализираме, верувам дека ќе ги освоиме трите бода, изјави одбранбениот играч на А репрезентацијата, Ванче Шиков.

Натпреварот Лихтенштајн - Македонија се игра вечерва (24. март) во Вадуц со почеток во 20:45 минути. 



   
   
А репрезентација