Лига на Нации е нова шанса и предизвик кој треба да го искористиме

Објавено на 04 Септември, 2018 во Вести, Вести


Македонската А репрезентација в четврток на „Викторија“ стадионот во Гибралтар ги отвора натпреварите од Лига на Нации, а на 09. септември го игра првиот домашен натпревар против Ерменија на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

-Лигата на Нации е нова шанса за сите нас. Се подготвуваме долго време, веќе неколку години сме заедно во репрезентацијата и одлично се познаваме. Денешниот фудбал не дозволува опуштање, фаворити сме против Гибралтар, но мораме тоа да го потврдиме на натпреварот. Не бегаме од фаворитската улога и ќе го покажеме тоа на теренот. Голем дел од нашите репрезентативци играат во одлични клубови, стандардни се во своите екипи и се надевам дека тоа ќе го пренесеме и низ натпреварите во Лига на Нации, вели репрезентативецот на Македонија, Стефан Ристовски. 




   
   
А репрезентација