Летен семинар за асистенти судии и контроли

Објавено на 22 Јули, 2024 во Вести


Спроти почетокот на новата натпреварувачка сезона 2024 /2025, како и секоја година, Фудбалската федерација на Македонија во Кнежино - Кичево во периодот од 19 до 21 јули го организираше првиот дел од редовниот летен семинар за судии и контролори за натпреварите од македонскиот фудбал. Првиот дел од семинарот беше насочен за асистенти судии и контролори од единствената листа во рамките на Прва и Втора МФЛ.

Првиот ден од семинарот започна со стручно - едукативно предавање од ПФИ програмата кое го одржаа Димитар Мечкаровски, Марјан Ристевски и Емил Божиновски. Беа повикани вкупно 42 контроли, а на семинарот присуствуваа 37.

Вториот и третиот ден од семинарот беа резервирани за асистентите судии кои полагаа тестови од правилата на фудбалската лига, а на крајот се одржа и полагање на физички норми.

На овој семинар исто така беше презентирана и новата промена околу условите и критериумите на судењето, која беше применета и на неодамна завршеното Европско првенство во Германија. 


Новото правило околу судењето на фудбалската игра гласи:

Само на капитените на тимовите ќе им биде дозволено да комуницицираат со судиите"

-Судиите сега имаат отворена линија на дијалог со тимовите  во објаснувањето на клучните одлуки и одлуките кои произлегуваат ов ВАР технологијата ( во натпреварите каде Вар технологијата е активна). Објаснувавањето на донесените одлуки им се дава исклучиво само на капитените на тимовите, кои се единствените играчи на теренот кои имаат право да разговараат со судијата и да бараат објаснување на одредена ситуација на респектабилен начин.

Капитените на клубовите имаат и превземаат одговорност, барајќи од своите соиграчи да ги почитуваат судиите, да држат дистанца и да не ги опкружуваат судиите по донесувањето на одлука за време на натпреварот.

Во ситуација во која капитен на екипата е голман, а е далеку од акцијата, како што е во повеќето случаи, тимовите имаат обврска да назначат играч кој ќе биде овластен да комуницира со главниот судија, за да добие објаснување за одредена ситуација.

Играчите кои нема да се придружуваат до ова правило, ќе бидат казнувани со дисциплинкса мерка."

Следниот викенд на програмата е вториот дел од семинарот, на кој ќе присуствуваат главните судии и ФИФА асистенти судии од единствената лиса на Прва и Втора МФЛ.








   
   
А репрезентација