Летен камп за млади фудбалерки во Нов Дојран

Објавено на 28 Мај, 2021 во До 17 год жени

Во периодот од 20 до 27 мај во Нов Дојран се одржа летен камп за млади фудбалерки родени 2007, 2008 и 2009 година.

На самиот камп учество земаа околу 40 талентирани девојчиња од цела Македонија кои се активни фубалерки во своите клубови. Целта на овој проект е да се едуцираат и селектираат млади девојки што го сакаат фудбалот. Се одржуваат по два тренинга дневно, а со младите фудбалерки работат лиценцирани тренери и професори по физичко образование: Катерина Милевска, Бојана Танова, Александра Ристовска , Станкица Аранасова, Јовица Блажевски и Росица Коатова.

Координатор на овој проект е Добре Димовски, поранешен селектор на женската репрезентација на Македонија.





   
   
А репрезентација