Објавено на 01 Октомври, 2019 во Вести, До 19 год жени
На тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје денеска започнува УЕФА квалификацискиот турнир за пласман во Елитна фаза за девојки до 19 години. На турнирот во организација на Фудбалската федерација на Македонија учествуваат македонската репрезентација, Франција, Словачка и Романија.
Во првото коло отвораат Романија и Словачка, додека нашата селекција од 15:30 часот ќе игра со топ фаворитот во групата „1“, репрезентацијата на Франција.
На 4. октомври, се соочуваат Франција - Романија и Словачка - Македонија, додека во последното трето коло, на 7. октомври играат Македонија - Романија и Франција - Словачка.
Првите две репрезентации обезбедуваат место во Елитната фаза квалификации за пласман на Европското првенство за девојки до 19 години кое ќе се одржи во Грузија во јули 2020. година.
Македонската репрезентација ја предводи селекторот Астрит Мерко, а шанса за настап ќе бараат следните фудбалерки до 19 години: Ничевска Марија, Јасмина Јовановска, Елена Панеска, Елена Бошкоска, Валентина Далчевска, Ивана Николова, Анѓела Петковска, Сара Велкова, Теодора Петровска, Белма Бејтовиќ, Радица Чонева, Ана Апостолова, Деспина Пауновиќ, Габриела Галевска, Теодора Јанковска, Ана Јавашева, Михаела Попеска, Ениса Амити, Александра Рубаноска, Синдис Положани;
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....