Објавено на 25 Март, 2021 во Вести, Вести
Македонската А репрезентација загуби со 3:2 од Романија во Букурешт во првиот натпревар од квалификациите за Светското првенство во Катар 2022. Пропуштивме голема прилика да останеме непоразени на Националната арена во Букурешт. Аријан Адеми и Александар Трајковски ги постигнаа головите за Македонија и надополнивме негатива од 2:0, но Хаџи со погодок во 86. минута им донесе победа на домашните.
Првата вистинска прилика за отворање на резултатот не ја искористи Илија Несторовски во 8. минута од мечот. Нашиот напаѓач беше одлично проигран од Алиоски, но од десетина метри, Несторовски лошо шутираше, а не успеа да го совлада домашниот голман ниту во вториот обид во продолжение од акцијата.
Романија во 17. минута се закани со удар на Денис Ман, шутираше од работ на шеснаесетникот, но сигурен на голот беше Столе Димитриевски. Нашиот голман одлично реагираше и минута подоцна по шутот од далечина на Банку.
Горан Пандев во 22. минута одлично реагираше во шеснаесетникот на Романија, но неговиот лоб удар заврши малку над пречката од голот на домашните.
Во 28. минута Романија го отвори резултатот. Флориан Танасе одлично беше проигран во нашиот шеснаесетник и биеше прецизно во мрежата на Димитриевски. Кирикеш беше асистент на погодокот за 1:0.
Во 33. минута, Елиф Елмас се најде во прекрасна шанса по проигрување од Пандев, но неговиот удар заврши во надворешниот дел од мрежата на романците.
Нова добра прилика пропуштивме пет минути подоцна преку Илија Несторовски. Николов нафрли, но ударот со глава на Илија Несторовски го одбрани домашниот голман.
2:0 за Романија во 50. минута. Еврогол на Валентин Михаила. Шутираше силно и прецизно од 20-на метри од голот на Димитриевски.
По еден час игра, Димитриевски одбрани чиста шанса за романците преку Кушеру. Минута подоцна Енис Барди се обиде по соло акција, но биеше надвор од рамката на домашниот гол.
Нашата репрезентација не успеа да го загрози голот на Романија ниту по ударот од прекин на Барди во 67. минута, а одново Димитриевски беше одличен на спротивната страна откако Михаила влезе во шанса за 3:0.
Во 73. минута, нова сто процентна прилика за македонската репрезентација. Аријан Адеми беше одлично проигран од Пандев, но Нита беше внимателен на голот.
Романија пропушти две нови прилики за трет гол преку Банку и Хаџи.
Во 83. минута конечно Македонија преку Аријан Адеми по нафрлување на Алиоски, а во 84. минута Александар Трајковски израмни на 2:2 по асистенција на Барди.
Сепак, Јанис Хаџи во 86. минута повторно им носи предност на домашните фудбалери. Шутираше прецизно во мрежата на немоќниот Димитриевски.
До крајот од натпреварот не успеавме да постигнеме гол и да избегнеме пораз од Романија.
МАКЕДОНИЈА: 1. Столе Димитриевски, 2. Егзон Бејтулаи, 4. Кире Ристевски, 6. Висар Муслиу, 8. Езѓан Алиоски, 13. Стефан Ристовски, 16. Бобан Николов (54` Аријан Адеми), 17. Енис Барди, 21. Елиф Елмас, 10. Горан Пандев (78` Александар Трајковски), 23. Илија Несторовски (54` Влатко Стојановски); Селектор: Игор Ангеловски
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....