Објавено на 14 Ноември, 2017 во Вести, До 21 год
Убедлив пораз на репрезентацијата на Македонија до 21 година во рамки на квалификацискиот натревар со Австрија за пласман на ЕП во 2019. На „Националната арена „Филип Втори“ Македонија загуби со убедливи 0:4.
Арнел Јакуповиќ со одличен удар од далечина погоди во 11. минута за водство на Австрија, а само неколку минути претходно Чешмеџиев од слободен удар немаше среќа да и донесе предност на Македонија. Матијас Хонсак во 26. минута погоди за 2:0, а десет минути подоцна веќе беше и 3:0 за Австрија по погодокот на Конрад Ламер. На почетокот на второто полувреме гостите по четврти пат успеаја да затресат нашата мрежа во 54. минута, кога погоди Јакуповиќ, по вторпат на мечот.
Македонија имаше шанса да го намали поразот во 85. минута кога судијата покажа на белата точка по еден прекршок на Баумгартнер во казнениот простор над Бобан Георгиев, но не успеа да реализира Бесир Исени.
Наредниот квалификациски меч Македонија до 21 година го игра во март, кога во Скопје ни доаѓа Русија. Лидер во групата е Србија со максимален учинок и пет победи по пет кола, а втор е токму нашиот нареден противник Русија, со 10 освоени бода.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....