Објавено на 31 Август, 2018 во Вести, Вести
Фудбалерот на Вардар, Кристијан Тошевски е повикан во А репрезентацијата на Македонија за натпреварите против Гибралтар (06. септември) и Ерменија (09. септември) за отворањето од Лига на Нации.
Селекторот на нашата репрезентација, Игор Ангеловски го повика Кристијан Тошевски на местото на Аријан Адеми (Динамо Загреб) кој поради повреда на задниот бутен мускул (biceps femoris) ќе паузира еден месец.
Лигата на Нации ја отвораме со гостување во Гибралтар, а нашата најдобра репрезентација првиот домашен натпревар од Лига на Нации го игра на 09. септември 2018. против Ерменија со почеток во 18:00 часот на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....