Конститутивен состанок на Одбор на Прволигаши

Објавено на 19 Февруари, 2019 во Вести


Во Куќата на фудбалот на 19. февруари, 2019 година во присуство на претставници на сите клубови од Прва МФЛ се одржа конститутивен состанок на одборот на клубови на Прва МФЛ, согласно Деловникот за работа утврден од страна на Управниот одбор на ФФМ.

На состанокот на кој присуствуваа в.д. Претседателот на ФФМ, Г-н Муамед Сејдини, генералниот секретар Г-н Филип Поповски и претставници на стручните служби на ФФМ беше одбран претседавач на одборот, генералниот секретар на ФК Работнички, г-н Ненад Монев.



Како поважни заклучоци и информации кои беа дискутирани на овој конститутивен состанок, покрај изборот на претседавач може да се издвојат следните:

-  Поддршка на клубовите од страна на ФФМ во врска со нивните барања поврзани за појаснувања при доделување средства со ваучер системот од страна на владата;

-  Истакната беше отворената поддршка на федерацијата при потенцијалното формирање на здружението на Прволигаши;

-  Презентирана беше апликацијата TvIzzy за емитување на најважни моменти од натпреварите во првата лига, како дел од проектот на ФФМ за пренос на натпреварите на својата платформа http://tv.ffm.mk/; 

-  Теми поврзани со критериумите за натпреварување во Прва МФЛ.

В.д. претседателот и генералниот секретар на ФФМ истакнаа дека вратите на Куќата на фудбалот како и административните капацитети на ФФМ се на располагање на одборот во секое време.




   
   
А репрезентација