Објавено на 05 Октомври, 2016 во Вести, До 21 год
Константин Чешмеџиев, дефанзивниот играч од средниот ред дополнително е повикан во репрезентацијата на Македонија до 21 година за квалификацискиот натпревар против Шкотска кој го играме на 11. октомври за пласман на Европското првенство 2017 година. Фудбалерот на Македонија Ѓ.П. од генерацијата `96, е повикан на местото на Алекса Амановиќ кој поради повреда не е во можност да се бори за место во репрезентативниот тим. Чешмеџиев денеска во 11:00 часот ќе се приклучи на тренинзите на селекцијата предводена од Благоја Милевски.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....