Конкурс за упис во вториот тренерски курс за жени на Норвешка Фудбалска Федерација и Фудбалска Федерација на Македонија

Објавено на 29 Јули, 2019 во Вести, Семинари


Фудбалската Федерција на Македонија врз основа на договор за соработка со Норвешката Фудбалска Федерација (НФФ) во правец на омасовување и развој на женскиот фудбал во Македонија продолжува со организација на едукативни, промотивни и активности за зголмеување на свеста за женскиот фудбал.

Во таа насока, ФФМ и НФФ во период од две ипол години ќе организираат 5 тренерски курсеви за девојчиња/жени со по 24 кандидатки во траење од четири дена и два дополнителни курса за следење на активностите во траење од два дена.

Затоа ФФМ и НФФ отвараат упис на заинтересирани девојчиња/жени за учество во тренерските курсеви, вториот курс ќе се одржи во периодот од 19 - 22 септември 2019 година. Местото на одржување ќе биде одредено дополнително.

Документи кои треба заинтерисираните кандидатки да ги  достават за да се пријават на курсот се следниве:

-  Барање за упис (во прилог на оваа вест, да се пополни целосно)

-  Државјанка на Република Македонија (копија од пасош)

-  Да е постара од 20 години,

-  Да нема земено учество во било каков тренерски курс претходно, (лична изјава а ФФМ проверува во КОМЕТ системот)

-  Потврда за неосудуваност издадена од надлежен суд

-  Две слики

Барањето заедно со документите, заинтересираните кандидатки да ги достават до архива на ФФМ најкасно до 5. септември 2019 година, на барањето задолжително да се наведе телефонски број и мејл за контакт.

Врз основа на проектот на НФФ како и самата организација на овие курсеви, секоја од групите треба да брои точно 24 кандидатки, доколку се пријават повеќе од 24, ќе бидат префрлени за следната група која ќе го одржи курсот на почетокот на 2020 година. Курсот е бесплатен за сите а опремата и материјалите што ќе ја добијат кандидатките е донација од НФФ и ФФМ.

Сите кои успешно ќе го завршат курсот ќе добијат сертификат за завршен курс од НФФ а во исто време ќе добијат и информации, насоки  и задачи за активнсоти поврзани со женскиот фудбал кои ќе треба да ги прикажат по завршувањето на активностите а истите ќе треба од стрна на тренерите бидат презентирани на двата курса за следење на активностите.

Напомена: Присуството на сите 4 дена од курсот е задолжително за сите кандидатки кои ќе влезат во групата.

Формулар женски тренери септември 1.pdf 



   
   
А репрезентација