Објавено на 05 Февруари, 2024 во Вести, Семинари
Пред пополнување на пријавата, молиме добро да се погледнат критериумите за учество на УЕФА Ц, односно УЕФА Б курс објавени во детали во документот подолу, како сите заинтересирани кандидати би знаеле дали ги исполнуваат основните услови за учество.
ОСНОВНИ КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО НА УЕФА Ц и Б КУРС ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ФФМ.pdf
Ве информираме дека едукативниот центар при ФФМ отвора конкурс за заинтересирани кандидати за упис на УЕФА Ц и УЕФА Б курс.
За таа цел, секој заинтересиран кандидат е неопходно да го пополни соодветниот електронски прашалник кој е отворен до 09.02.2024. По овој датум, прашалниците автоматски стануваат неактивни и конкурсот завршен, а понатамошната комуникација во врска со курсевите ќе продолжи единствено по е-маил и единствено со кандидатите кои уредно го пополниле прашалникот.
Ненавремено и неуредно пополнувањето на прашалникот ќе значи неможност за учество на претстојниот УЕФА Ц односно УЕФА Б курс.
Кон пополнување на пријавата зависно за кој едукативен курс аплицирате може да се пристапи на соодветниот линк подолу, а истиот ги содржи и датумите за одржување на курсевите:
https://forms.office.com/e/MpMW1VubZZ - Линк за пријава на УЕФА Ц курс (Модул 1 21-25.02.2024 / Модул 2 Мај 2024) - Ве информираме дека конкурсот е затворен на 08.02.2024 поради исполнување на максималниот број на апликанти. Сите заинтересирани апликанти за учество на следен УЕФА Ц курс, можат да го изразат својот интерес со испраќање на емаил на bojan.markovski@ffm.com.mk каде е потребно да го напишат својот емаил (електронска адреса на која ќе бидат контактирани) и датум на раѓање, по што ќе добијат информација за следен конкурс на истото ниво (УЕФА Ц курс) неколку дена пред истиот да биде објавен.
https://forms.office.com/e/SmtVi2aQ6X - Линк за пријава на УЕФА Б курс (Модул 1 03-09.03.2024 / Модул 2 Мај 2024)
За можни нејаснотии или дополнителни прашања пред апликација, можете да се обратите на следниот е-маил: