Објавено на 14 Октомври, 2024 во Вести
Ве информираме дека едукативниот центар при ФФМ отвора конкурс за заинтересирани кандидати за упис на УЕФА Б курс.
За таа цел, секој заинтересиран кандидат е неопходно да го пополни соодветниот онлајн прашалник кој е отворен до 17.10.2024. По овој датум, прашалниците автоматски стануваат неактивнии конкурсот завршен, а понатамошната комуникација во врска со курсевите ќе продолжи единствено по е-маил и единствено со кандидатите кои уредно го пополниле прашалникот.
Ненавремено и неуредно пополнувањето на прашалникот ќе значи неможност за учество на претстојниот УЕФА Б курс.
Кон пополнување на пријавата зависно за кој едукативен курс аплицирате може да се пристапи на соодветниот линк подолуа истиот ги содржи и датумите за одржување на курсевите: https://forms.office.com/e/6QZ9EqC0X2- Линк за пријава на УЕФА Б курс (Модул 1 10-16.11.2024 / Модул 2 Февруари или Март 2025)
За можни нејаснотии или дополнителни прашања пред апликација, можете да се обратите на следниот е-маил: bojan.markovski@ffm.com.mk.
ОСНОВНИ КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО НА УЕФА Б КУРС ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЦЕ НА ФФМ.pdf
Пред пополнување на пријавата, молиме добро да се погледнат критериумите за учество на УЕФА Б курс објавени во детали во документот подолу, како сите заинтересирани кандидати би знаеле дали ги исполнуваат основните услови за учество.