Објавено на 02 Март, 2021 во Вести
Комисијата за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија според член 82. од Правилникот за натпреварување на ФФМ донесе одлука за дисквалификација на екипата на ФК Вардар с. Форино од понатамошно натпреварување во Втора МФЛ - Запад поради неоправдано непојавување на натпреварот од 17. коло на Втора МФЛ - Запад помеѓу ФК Вардар с.Форино - КФГ Гостивар закажан на 27. февруари 2021 година во Гостивар. Комисијата за натпреварување овој натпревар го регистрираше со службени 0:3 за екипата на КФГ Гостивар.
Екипата на ФК Вардар с.Форино се враќа во најнизок степен на натпреварување во Општинскиот сојуз каде што припаѓа - ОФС Гостивар.