Комисија за натпреварување: Општиот протокол за организирање на натпревари причина за одложување на натпреварите од МФЛ

Објавено на 30 Октомври, 2020 во Вести


Комисија за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија информира дека поради измени на Протоколот за спроведување мерки за заштита од „Ковид 19“ и стапување на сила на Општиот Протокол за организирање на натпревари,  натпреварите од 11. коло на Прва МФЛ и 10. коло на Втора МФЛ - Исток и Запад кои требаше да се одиграат на 31.10.2020. (сабота) и 01.11.2020. (недела), се одложуваат и истите се пренасочуваат за одигрување на 07.11.2020. (сабота) - 11. коло од Прва МФЛ и 10. коло, Втора МФЛ - Исток и Запад на 08.11.2020 (недела) .




   
   
А репрезентација