Објавено на 22 Април, 2024 во Прва футсал лига, Вести
Форца 2015 е освојувач на Купот на Македонија во футсал, по издвојуваната победа над тимот на Клими од Кавадарци, на финалниот натпревар одигран во спортскиот центар Гемиџии во Велес.
Екипата на Форца 2015 во еден интересен натпревар успеа да слави победа со вкупен резултат од 6:2.
Зоран Левски го постигна првиот гол на средбата за предност на Форца 2015 од 1:0. Екипата на Клими брзо се вратија во игра и преку Мартин Никовиќ успеаа да го израмнат резултатот.
Во продолжението Форца ја наметна својата игра и успеа да постигне 5 голови за убедлива и сигурна предност. Стрелци на головите беа Харис Омеровиќ, Зоран Левески, Берат Рамадани, додека Иван Крстевски стрелаше два пати.
Голот за намалување на предноста и поставување на конечните 6:2 го постигна Димче Андов.
Младата репрезентација на Македонија до 21 година и официјално ги започна подготовките за претстојните два квалификациск...