Клупско лиценцирање за УЕФА натпреварувања за сезона 2025-2026

Објавено на 23 Декември, 2024 во Лиценцирање, Вести


Одделот за лиценцирање во рамки на Фудбалската федерација на Македонија, согласно рокот за пријавување на клубовите за клупско лиценцирање за УЕФА натпреварувања за сезона 2025/2026, заклучно со 20. декември 2024 за добивање европска лиценца, праќа информација за поднесени пријави од следните клубови:

- ФК РАБОТНИЧКИ АД

- ФК ШКЕНДИЈА АД

- ФК СИЛЕКС АД

- ФК СТРУГА Трим Лум АД

- ФК ШКУПИ 1927 АД

- ФК ПЕЛИСТЕР АД

- ФК ВАРДАР АД

- ФК АП БРЕРА Струмица АД

- КФГ ГОСТИВАР АД

- ЖФК ТИВЕРИЈА

- ЖФК ЉУБОТЕН

-ЖФК КАМЕНИЦА САСА

Одделот за лиценцирање во рамки ФФМ, исто така, информира дека е завршена дистрибуцијата на потребните информации и обрасци од страна на ФФМ кон клубовите согласно временската табела, а во тек на месеците Февруари и Март следи достава и комплетирање на документите од страна на клубовите до одделот за Лиценцирање на ФФМ. По завршување на постапката ќе биде одлучено кои клубови ќе се стекнат со потребната лиценца за учество во следната УЕФА натпреварувачка сезона.




   
   
А репрезентација