Клубско лиценцирање за УЕФА натпреварувања за сезона 2015/16

Објавено на 26 Јануари, 2015 во Лиценцирање, Вести


Согласно рокот за пријавување на клубовите од ФФМ за клубското лиценцирање за УЕФА натпреварувања за сезона 2015/16, заклучно со 15.01.2015 следниве клубови се пријавија за европска лиценца:

-  ФК Вардар

-  ФК Работнички

-  ФК Шкендија

-  ФК Силекс

-  ФК Ренова

-  ФК Металург

-  ФК Тетекс

-  ФК Турново

-  ФК Пелистер

Завршена е и дистрибуција на потребните информации и обрасци од страна на ФФМ кон клубовите согласно временската табела, а во тек на месеците Февруари и Март следи достава и комплетирање на документите од страна на клубовите до Одделението за Лиценцирање на ФФМ, по што ќе биде одлучено кои клубови ќе се стекнат со потребната лиценца за учество во следната УЕФА сезона.

ФФМ има едно место во квалификациите за Лига на Шампиони и три места во квалификациите за Лига Европа.



   
   
Актуелности

30.12.2024    Вести

Новогодишно интервју со Масар Омерагиќ - Претседател на ФФМ

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...

27.12.2024    Вести

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....

Календар
А репрезентација