Објавено на 21 Декември, 2018 во Вести
Пријави за добивање на УЕФА клубски лиценци за сезона 2019/20
Одделението за лиценцирање на Фудбалската федерација на Македонија во текот на месец декември 2018. испрати покани до клубовите од Прва и Втора МФЛ за доставување на пријави за лиценцирање за натпреварувачка сезона 2019/2020.
Согласно доставените пријави, следниве клубовите аплицираа за добивање на УЕФА лиценца која овозможува настап во натпреварувања во организација на УЕФА во сезона 2019/2020:
1. ФК Академија Пандев – Струмица
2. ФК Беласица - Струмица
3. ФК Вардар – Скопје
4. ФК Македонија 1932 ЃП - Скопје
5. ФК Победа - Прилеп
6. ФК Работнички – Скопје
7. ФК Ренова – с.Џепчиште
8. ФК Силекс – Кратово
9. ФК Шкендија – Тетово
10. ФК Шкупи 1927 – Скопје
Овие клубови во периодот до 05. мај 2019., а согласно ФФМ Правилникот за лиценцирање на клубови за УЕФА натпреварувања, ќе го поминат процесот на лиценцирање за утврдување на исполнетост на критериуми врз основа на кој Комисијата за лиценцирање на ФФМ ќе донесе одлуки кои од клубовите ќе добијат УЕФА Лиценца.