Кирил Изов го објави списокот на женската репрезентација за натпреварот против Франција

Објавено на 19 Октомври, 2020 во Вести, А репрезентација жени


Македонската женска А репрезентација на 23. октомври гостува во Орлеан против Франција во натпревар од квалификациите за Европското првенство. За нашата женска репрезентација ова ќе биде седмиот натпревар од тековните квалификации. Селекцијата на Кирил Изов оствари победа против Казахстан, а запишавме пет порази во пресметките против Србија, Австрија и силната Франција во меч на Националната арена. Поради ограничувањата поврзани со Ковид-19 за враќање во Финска и Шпанија, селекторот на нашата репрезентација, Кирил Изов за овој натпревар нема да смета на интернационалките, Гентјана Рочи од фински КУПС и Наташа Андонова од Леванте, Шпанија.

Кирил Изов ќе ги започне подготовките со следните фудбалерки:

Голманки: Панчурова Викторија (ЖФК Тиверија), Лекоска Магдалена (С.Ц. Истатов), Колевска Верица (Деспина); 

Одбрана: Велеска Даниела (Деспина), Јулија Живиќ (Љуботен), Маја Ангеловска (НК Крим, Словенија), Николовска Павлинка (Каменица Саса), Коларовска Сара (Скопје 2014), Положани Синдис (АС Јунајтед), Бошеска Ане (Тиверија), Јошеска Христина (Каменица Саса); 

Среден ред: Дервиши Рабија (Каменица Саса), Ристовска Александра (Тиверија), Трајковска Романа (Рапресвил, Швајцарија), Милеска Катерина (Деспина), Мустафа Хава (Шкендија), Шемсовиќ Елма (Скопје 2014), Максути Улза (АС Јунајтед), Чубриноска Јана (Деспина); 

Напад: Нацева Марјана (Каменица Саса), Димоска Теодора (Тиверија), Афродита Салихи (Скопје 2014);

До крајот од квалификациите, нашата женска репрезентација покрај натпреварот со Франција ја очекува и меч на гостински терен против Казахстан. 




   
   
А репрезентација