Објавено на 05 Април, 2016 во Вести, А репрезентација жени
Македонската женска А репрезентација во вторник, на 12 април го игра првиот натпревар оваа година во рамките на групата 1 од квалификацискиот циклус за пласман на Европско првенство, против Словенија на гостински терен.
Спроти овој квалификациски меч за пласман на Европското првенство во Холандија 2017 година, селекторот Кирил Изов ги повика следните фудбалерки: Викторија Панчурова (Тиверија), Александра Ристовска (Тиверија), Павлинка Николовска (Тиверија), Елма Шемшовиќ (Борец), Ленче Андреевска (Драгон), Маја Ангеловска (Драгон), Накшије Кривањева (Драгон), Афродита Салихи (Драгон), Ана Веселинова (Драгон), Јана Чубриновска ( Кочани), Симона Тасева (Ј. Конзули), Симона Николовска (Ј.Конзули), Душанка Пејкова (Сц. Истатов), Бојана Иванова (Сц. Истатов), Ивана Биневска (Сц. Истатов), Викторија Донева (Помурје), Даниела Велеска (Топ Гол), Ели Јаковска (Спартак), Шкипе Бојку (Нове Замки), Сашка Кокаловска (Топ Гол).
Нашата женска селекција, денеска ги започнува подготовките за претстојниот квалификациски меч против Словенија. Овој натпревар за селекторот Кирил Изов ќе биде прв како предводник на женската А селекција на Македонија.
Квалификацискиот натпревар помеѓу Словенија и Македонија ќе биде одигран во Лендава, со почеток од 19:00 часот.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....