Картите за натреварот Македонија- Словачка пуштени во продажба, најголемиот дел од билетите се со цена од 100 и 150 денари

Објавено на 03 Ноември, 2014 во Билети


На 15 ноември (сабота), со почеток во 20:45 часот, на националната арена „Филип Втори“, ќе се одигра еден од најважните квалификациски натпревари за пласман на ЕУРО 2016. Противник е моментално водечката репрезентација во нашата група Словачка, која има три последователни победи и тоа дома против Шпанија како и на гостински терен против Украина и Белорусија.

Картите за натпреварот се веќе пуштени во продажба и по цена почнувајќи од 100 денари (5827 карти), 150 денари (4891 карти), 200 денари (1342 карти) 250 денари (3848 карти) 300 денари (1514 карти), 400 денари (3951 карти) 500 денари (2002 карти). Влезниците се достапни во продажната мрежа на „Мк тикетс“ и во  продажните салони нa: „ОNE“ низ републикава, Југотон, Универзална сала , Тобако МПМ-Скопје, Тобако-Драчево, Тобако-Охрид и Алпине-Тетово.

Дојдете заеднички да навиваме и да ја поддржиме македонската фудбалска репрезентација на овој исклучително важен натпревар кој ќе биде можност да се оствари долгогодишниот сон на сите фудбалски фанови и на неколку генерации наши фудбалски репрезентативци. Македонската фудбалска репрезентација се подмладува, добива  на физиономија,  компактност, дисциплина во игра и воспоставува пред се напаѓачка стратегија нешто што не можеше да се види досега, години наназад. Потребно е воигрување, но талент и потенцијал постои. На секој натпревар ќе играат оние кои се најдобри и најподготвени во моментот, и кои пред се ќе го остават срцето на терен.




   
   
Актуелности

30.12.2024    Вести

Новогодишно интервју со Масар Омерагиќ - Претседател на ФФМ

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...

27.12.2024    Вести

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....

Календар
А репрезентација