Објавено на 07 Септември, 2021 во Вести, До 21 год
Македонската репрезентација до 21 година денеска (16:00 часот) на стадионот “Билјанини извори” во Охрид ќе одигра натпревар против соодветната селекција на Србија во рамки на квалификациите за пласман на ЕП 2023 во Романија и Грузија.
Предводникот на нашата репрезентација, Драги Канатларовски вели дека е извлечена голема поука од натпреварот со Франција кој го загубивме со 3:0 во Ле Ман.
- Максимално сме фокусирани на дуелот со Србија. Момците се подготвени, работевме напорно овие неколку денови во Охрид, со цел подобро да одиграме на овој меч со Србија. Извлековме голема поука од натпреварот со Франција. Нема да ги повториме истите грешки. Фудбалерите се свесни дека одигравме лош натпревар и оттаму желбата за докажување на денешниот меч е голема.
Дуелот со Србија ќе биде многу поразличен од нашиот прв со Франција во овие квалификации. Атмосферата е одлична и се надевам дека ќе ја израдуваме фудбалската јавност, изјави селекторот Канатларовски.
Во нашата Х група, покрај дуелот Македонија - Србија, играат уште и репрезентациите на Украина и Ерменија.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....